Утрински Весник
Свет

Растот на руската економија го изненади ММФ

Mmf Rusija.jpg

Рastot на руската економија го „изненади“ Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), со оглед на санкциите воведени кон Москва поради војната во Украина. Во јануари ММФ прогнозираше дека руската економија ќе порасне за 2,6 отсто оваа година поради големите воени и лични трошоци поддржани од растот на платите.

Минатиот октомври тие очекуваа раст од 1,1 отсто во 2024 година, што сега го прогнозираат за 2025 година. „Тоа е воена економија. Голем дел од руската економија се воени трошоци, што го стимулира производството“, рече директорот за комуникации на ММФ Џули Козак вчера во Вашингтон.

Значајните социјални трансфери помагаат и на потрошувачката, додаде Козак, предупредувајќи на знаци на „прегревање“ на економијата, како што е зголемената инфлација.

Во среднорочна перспектива, растот треба да забави, имајќи го предвид исклучувањето на Русија од меѓународниот финансиски систем, ограничениот пристап до технологијата и губењето на дел од висококвалификуваната работна сила, вели тој. Сите овие фактори значително ќе влијаат на растот и перспективите на економијата на среден рок, заклучи претставникот на ММФ.

Можете да прочитате

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел