Утрински Весник
Свет

Расте бројот на жртвите од поплавите во Италија, пронајдени лица кои се удавиле во нивните куќи

Расте бројот на жртвите од поплавите во Италија, пронајдени лица кои се удавиле во нивните куќи

Уште три жртви се пронајдени денеска во областа Равена, соопштија локални извори, со што се зголеми бројот на жртвите од поплавите. Во Сант’Агата сул Сантерно, постар маж беше пронајден мртов во неговата куќа, а пронајдена е и жена која се уште не е идентификувана, јавува италијанската новинска агенција „Анса“.

dobivaj vesti na viber

Во друга куќа, спасувачите пронашле тело на маж кој наводно претходно одбил да го напушти својот дом. Покрај тоа, едно лице исчезнало во близина на Бончелино. Десетици луѓе се водат како исчезнати по катастрофата, додава „Анса“.

Меѓу загинатите има и една постара двојка која била заробена во нивниот дом во Кава, село во провинцијата Форли-Чезена. „Ги слушнавме нивните повици за помош“, изјави соседот за весникот „Ил Месаџеро“. „Се обидовме да ги извлечеме, но беше предоцна“.

80-годишен старец се удави во својот подрум откако отиде да земе работи, а брачниот пар, идентификувани како Сауро Мануци и Маринела Маралди, кои поседуваат фабрика за производство на растенија, загинаа на нива спроти нивниот дом, пренесува медиумот.

Телото на Маралди (70) било пронајдено на плажа долж јадранскиот брег.

Можете да прочитате

Светска банка: Расте јазот меѓу богатите и сиромашните земји

Јордански министер: Нетанјаху се обидува да го префрли фокусот од Газа на конфликтот со Иран

Макрон ја повика Русија на примирје за време на Олимпијадата, Кремљ „ладно реагираше“