Утрински Весник
Свет

Расте бројот на загинати во Мароко по разорниот земјотрес, спасувачите не се оптимисти

Расте бројот на загинати во Мароко по разорниот земјотрес, спасувачите не се оптимисти
Dik 300x250 mk

Бројот на жртвите од најсилниот земјотрес во Мароко во претходните шест децении денеска се приближи до 2.700, а спасувачите се тркаат со времето додека се обидуваат да најдат преживеани во урнатините.

dobivaj vesti na viber

Тимовите за пребарување од Шпанија, Велика Британија и Катар се приклучија на спасувачките напори на Мароко, откако земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтер го погоди делот со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш.

Државната новинска агенција објави дека бројот на загинати се искачи на 2.681, а дека 2.501 лице се повредени.

Спасувачите предупредија дека традиционалните куќи од тули од кал се распространети во регионот и дека тоа ги намалува шансите да се најдат преживеани бидејќи овие згради се урнати.

„Нивото на уништување е апсолутно“, изјави шпанскиот спасител Антонио Ногалес.

Тој рече дека „ниту една куќа не останала да стои“ и дека неговиот тим ќе започне потрага со помош на кучиња и ќе види дали е можно да се најде некој жив, пишува Ројтерс.

Преживеаните рекоа дека првичната реакција од властите била бавна, но се чини дека напорите за пребарување и спасување се зголемуваат.

Можете да прочитате

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети

Унгарија ќе започне разговори со САД за купување нуклеарно гориво

Кнесетот прелиминарно усвои два закона за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, Нетанјаху против