Утрински Весник
Свет

Распуштена специјалната единица чии полицајци се обвинети за убиството на Тајр Николс

Распуштена специјалната единица чии полицајци се обвинети за убиството на Тајр Николс

Полициската управа во Мемфис ја распушти таканаречената специјална единица „Скорпион“, чии полицајци беа обвинети за убиството на Тајр Николс.

dobivaj vesti na viber

„Скорпион“ е единица чија задача била да ги надгледува улиците со цел да се врати мирот и безбедноста во соседството. Единицата ја сочинувале 50 полицајци, но откако петмина од нив до смрт претепаа 29-годишник, таа ќе биде распуштена.

Семејството на Николс ја поздрави одлуката. Преку адвокатот рекоа дека одлуката е соодветна за трагичната смрт на Тајр Николс и пристојна и праведна за сите граѓани на Мемфис.

Петте полицајци, Тадариус Бин, Деметриус Хејли, Дезмонд Милс Јуниор, Емит Мартин Трети и Џастин Смит, беа отпуштени минатата недела. Тие беа приведени во четвртокот и секој од нив се соочува со обвиненија за убиство од втор степен, тежок напад.

Вчера беа објавени видеоснимки на кои се гледа како петмина полицајци крвнички го претепуваат 29-годишниот афроамериканец Тајр Николс, кој подоцна им подлегна на повредите. На една од снимките се забележува како Николс лежи на стомак, а полицајците прскаат со спреј во неговото лице. Друга снимка покажува како го шутираат додека тој во плач ја повикува својата мајка.

Во повеќе американски градови, вчера, се одржаа протести по јавното објавување на видео снимките на кои се гледа како петте полицајци го тепаат Тајр Николс.

Можете да прочитате

Во Индија почнаа парламентарните избори кои ќе траат до 1 јуни

САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации

Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади