Утрински Весник
Свет

Распишана потерница за братот на Навални

3fa66704 2329 4e91 Bbb3 827ec14b96d4.webp.webp

По братот на Алексеј Навални е распишана потерница, објави руската државна новинска агенција ТАСС. Соопштено е дека против Олег Навални е отворена нова кривична постапка и дека руските власти трагаат по него.

Во 2021 година, Олег беше осуден на условна казна од една година затвор за кршење на ограничувањата за ковид. Тој беше осуден затоа што во јануари 2021 година на социјалните мрежи ги покани Русите да учествуваат на митинг за Алексеј.

Обвинителите тврдеа дека собирот е прекршување на санитарните и епидемиолошките правила, што можело да доведе до ширење на болеста. Олег отпатувал за Кипар истата година и наводно никогаш не се вратил во Русија.

Неговиот брат Алексеј Навални почина во петокот во регионот Јамало-Ненец на далечниот руски север, каде одлежуваше 19-годишна затворска казна за измама, непочитување на судот и кршење на условната казна.

Можете да прочитате

Путин рече дека Русија истрелала балистичка ракета со среден дострел кон Украина

Обилни снежни врнежи ја погодија Велика Британија

Падна PayPal за многу корисници ширум светот