Утрински Весник
Македонија

Распишан е Конкурсот за доделување на државната награда „23 Октомври”

Screenshot 2024 03 29 115824.png

Ве известуваме дека Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври” распиша Конкурс за  доделување на државната награда „23 Октомври” во 2024 година. Со државната награда „23 Октомври” се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Северна  Македонија. Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Конкурсот трае од 1 до 30 април 2024 година. Целиот конкурс е објавен на веб-страницата на Министерството за култура на следниов линк:  Државна награда „23 Октомври” – Министерство за Култура (kultura.gov.mk)

Можете да прочитате

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во следните 10 години

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити