Утрински Весник
Спорт

Рашфорд ја најави, Де Хеа ја одбрани победата на Јунајтед

Рашфорд ја најави, Де Хеа ја одбрани победата на Јунајтед

Манчестер јунајтед со победа ја заврши 2022 година. „Црвените ѓаволи“, во првиот натпревар од денешната програма во Премиер лигата, со 1:0 славеа кај Вулверхемптон.

dobivaj vesti na viber

Јунајтед не блескаше, но ја имаше контролата во поголемиот дел од натпреварот, а Маркус Рашфорд и Давид Де Хеа, се погрижија тимот да го освои бодовите.

Рашфорд, кој мечот го започна од клупата, бидејќи менаџерот Тен Хаг го казнил поради кршењето на клупската дисциплина, го постигна единствениот гол во 76.минута, а Де Хеа со брилијантна интервенција во 94.минута го спречи Раул Химензе да го израмни резултатот.

Со оваа победа, Јунајтед скокнаа на четвртото место на табелата со 32 бода. Вулвс останаа во опасната зона, тимот на Хулен Лопетеги е 18. со 13 поени.

Можете да прочитате

Истанбул ќе биде домаќин на дербито Турција – Македонија

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид