Утрински Весник
Македонија

Расчистени 12 кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Пробиштип

Вработени во јавно претпријатие се тепале на паркинг

На 05.10.2022 во 00.30 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип ги лишиле од слобода Р.П.(31) и Д.С.(34) од Пробиштип. Тие биле затекнати при извршување на кривично дело „тешка кражба“ во објект во изградба на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип. (објавено во билтенот на МВР 05.10.2022). По преземени мерки, полициските службеници расчистиле уште 13 кривични дела за кои постои основи на сомнение дека се извршени од Р.П.(31) од Пробиштип .

dobivaj vesti na viber

Во службен разговор во Полициската станица Пробиштип тој признал дека во периодот од јули 2022 до октомври 2022 година на подрачјето на ОВР Пробиштип извршил 11 кривични дела „тешка кражба“ со кои сe оштетени четири правни и две физички лица од Пробиштип, едно кривично дело „загрозување на сигурноста“ извршено врз работник од обезбедување во рудник и едно кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

Дел од украдените предмети се пронајдени, одземени и вратени на оштетените. На 05.10.2022, против Р.П. до ОЈО Штип е поднесена кривична пријава, а од Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор и е спроведен во затвор Куманово.

Можете да прочитате

Активни пожари во Депонија Дрисла, Никуштак и Булачани, во селото Татеши и во населбата Еленкамен

Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ