Утрински Весник
Македонија

Расчистена кражба во Велес, приведени две лица, дел од украденото е пронајдено и вратено на сопственикот

616007751 1182753360701856 1030085424098774841 n.jpg

На 12./13.01.2026 во периодот од 23:20 до 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода А.Д.(22) и А.С.(48), двајцата од Велес. А.Д. се сомничи дека со употреба на сила и подесен алат влегол во домот на 54-годишната С.Х. од Велес и одзел пари и златен накит, а потоа златните предмети ги заложил кај А.С..

Дел од предметите се пронајдени и одземени од А.С. и вратени на сопственикот, а тој е задржан во полициска станица.

За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против А.Д. и А.С. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Акција на Скопска Црна Гора: Конфискувани десетици кубни метри нелегални дрва кај Брест и Малино

Родителите на загинатите во „Пулс“ од Штип: Чекориме затоа што вистината мора да излезе на виделина и одговорност мора да има

Минибус со навивачи нападнат од група граѓани на патот Прилеп-Ресен