Утрински Весник
Македонија

РАНО АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ВИКЕНДОТ ШТО ДОАЃА: Ќе дува силен јужен ветер (над 70 км/час), се очекува и дожд!

Gustkph 20240206 12 120 1050x525 1.jpg

Метео анализа на Славчо Поповски:

Длабок Џеновски циклон ќе ни го расипе времето од овој викенд (ќе донесе дожд, силен јужен ветер, Сахарска прашина и песок). Температурите и понатаму натпросечно високи, најава за снег нема!

Ветерот од јужен правец кој што ќе дува за време на викендот во Македонија локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час, а понекаде не се исклучува можноста и за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и исто така силен јужен ветер.

Поради ваквиот развој на времето, очекуваме многу неповолни Биометеоролошки услови, па така кај метеопатите ќе се јават значителни здравствени проблеми.

Можете да прочитате

Почина 24-годишен скопјанец, пронајден во семејниот дом во Скопје

Петровска: Бев, сум и ќе бидам СДСМ, Разговорите за Македонија се за доброто на СДСМ и Македонија

Голем пожар во центарот на Скопје, густ чад се издига над Јужен булевар