Утрински Весник
Свет

Ранетиот Дмитриј Рогозин е префрлен во воена болница

Ранетиот Дмитриј Рогозин е префрлен во воена болница

Поранешниот генерален директор на државната корпорација „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин, бил примен во болница во Ростов на Дон со повреда на ‘рбетот, изјави неговиот помошник.

dobivaj vesti na viber

Рогозин е ранет за време на гранатирањето во Доњецк, јавуваат руските медиуми, додека неговата придружба исто така се здобила со повреди со различна тежина.

Лекарите рекоа дека фрагмент од мина го погодил Рогозин во ‘рбетот.

„ Рогозин и уште две лица се префрлени од гранатираниот хотел во Доњецк во воената болница во Ростов на Дон. Сега тие се на преглед и им се дава потребната медицинска помош“, изјави неговиот помошник.

Тој додаде дека уште неколку ранети воени советници се уште се во медицинските установи во Доњецк, нивната состојба е стабилизирана, но лекарите се уште не дале дозвола за нивно транспортирање.

Можете да прочитате

Премиерот на Гренланд порача дека само Гренланд и Данска имаат мандат да склучуваат договори за островот

Бројот на жртви во пожарот во Карачи се искачи на 67

Гренел до Вучиќ: Следете го американскиот пат