Утрински Весник
Македонија

РАНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓаат нови обилни врнежи од дожд и грмежи – Можно е ново невреме со електрични празнења и град!

Overview 20240309 00 060 660x330 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Овој викенд  иако релативно стабилен и сув, сепак локално и особено во западните предели ќе има послаби врнежи од дожд и снег на повисоките планини, особено денес. Утре ќе биде потопло со максимални дневни температури кој речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе се искачат и до 15 степени, додека во централните  и во југоисточните предели тие ќе се искачат  и до околу 20 степени.

Сепак овој викенд ќе започне да засилува ветерот од јужен правец, што ќе биде најава за нова голема промена на времето кај нас во понеделник и во вторник.

Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

Во понеделник и во вторник, и тоа под влијание на нов длабок циклон од Атлантикот, во Македонија повторно очекуваме нови обилни врнежи од дожд на повеќе места, проследени со грмежи. Не се исклучува можноста повторно локално да се случат поинтензивни Атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични пранења и со појава на град.

Утре, а особено во понеделник ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Остануваат високите пролетни температури на воздухот.

И во Скопје очекуваме слично време, во понеделник и во вторник со повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ