Утрински Весник
Скопје

Рампа, 24-часовно обезбедување на Вардариште – протестите продолжуваат, утре средба со Тошковски

Whatsapp image 2025 10 06 at 14.18.50.jpeg

Дивата депонија Вардариште е ставена под построга контрола поставена е рампа, обезбедено е 24-часовно приватно физичко присуство на обезбедување, а на влезовите се поставени контролни пунктови. Дополнително, полицијата со патроли ја чува локацијата, а над депонијата повремено надлетуваат и дронови.

И покрај овие мерки, револтот на граѓаните не стивнува. Секојдневно, во периодот од 18 до 19 часот, активистите од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ организираат блокади на две клучни крстосници – пред мостот Близнак во Аеродром и кај Кванташки пазар во Маџари. Нивното барање останува исто Итно затворање на Вардариште пред изборите.


За вторник е најавена средба со министерот за внатрешни работи, од која граѓаните очекуваат конкретни решенија. Сепак, од иницијативата велат дека останатите институции, меѓу кои и кабинетот на претседателката на Македонија, продолжуваат со игнорантски однос.

„Во два наврати испративме дописи со седум јасни барања за решавање на проблемот со Вардариште, но досега не добивме никаков одговор,“ соопштуваат од иницијативата, додавајќи дека протестите ќе продолжат сè додека не се преземат реални чекори за затворање на депонијата.

Можете да прочитате

Меџити: Помошното игралиште на ФК Шкупи – значајна инвестиција за развојот на спортот во Чаир

ВИДЕО Принова во ЗОО Скопје: На свет дојде ново бебе пингвин од загрозениот вид Хамболт

Делови од Скопје утре без струја