Утрински Весник
Спорт

Рамос: Нема подобар од Меси

Рамос: Нема подобар од Меси
Dik 300x250 mk

Откако 15 години играше против Лионел Меси, Серхио Рамос изненади со интервјуто кое вчера го даде за ТВ ПСЖ. Рамос и Меси се соиграчи од минатата сезона. Шпанецот изјави дека Меси е „најдобриот играч што фудбалот некогаш го произвел“.

dobivaj vesti na viber

Рамос со години играше против Меси како дефанзивец на Реал Мадрид, го делеше најголемото фудбалско ривалство во светот, она на Реал и Барселона, но и на Роналдо и Меси.

Тие ја делат соблекувалната од 2021 година, а тој период очигледно беше доволен за да го поттикне Рамос да изјави дека Меси е сепак подобар играч од неговиот голем пријател Роналдо.

„Со години страдав играјќи против Меси. Сега конечно уживам во неговите игри. Тој е најдобриот играч во историјата на фудбалот”, изјави Рамос.

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето