Утрински Весник
Спорт

Рамо до рамо со победниците: MOZZART ги награди најдобрите играчи на турнирот во мал фудбал Крива Паланка 2023

Рамо до рамо со победниците: MOZZART ги награди најдобрите играчи на турнирот во мал фудбал Крива Паланка 2023

Регионалниот лидер во игри на среќа беше спонзор на турнирот во мал фудбал Крива Паланка 2023, со што уште еднаш ја докажа својата посветеност во помагање и развивање на спортот во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Mozzart го награди тимот кој го освои третото место на турнирот, како и тројцата најдобри играчи.

Најдобриот чувар на голот доби голмански дрес, најдобриот играч на турнирот комплет тренерки, а најдобриот стрелец топка за футсал.

Трето пласираната екипа доби чек во вредност од 20.000 денари.

Учество на натпреварите земаа дванаесет тимови од Скопје, Куманово,Крива Паланка и Бугарија.

Антонио Давитковски, еден од организаторите, уште еднаш изрази голема благодарност до компанијата Mozzart за поддршката која ја добија за успешна организација на овој за нив голем спортски настан.

„Вториот по ред турнир во мал фудбал Крива Паланка 2023 само го потврди епитетот национален, но доби и меѓународен карактер. Салата беше исполнета до последно место за време на целиот турнир, што во целост ги оправда очекувањата на Општина Крива Паланка. Општествено одговорната компанија Mozzart уште еднаш се покажа како одличен партнер во целата организација на турнирот. Се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму”, изјави Давитковски.

Турнирот во мал фудбал Крива Паланка 2023 се одржува втора година по ред и полека но сигурно прераснува во традиција.

Mozzart и натаму продолжува да биде рамо до рамо со победниците, да ги наградува и поддржува во сите нивни натпреварувања и заедно да постигнат уште многу успеси и да освојат голем број медали.

Лидерот во приредување игри на среќа секогаш ќе одговара на барањата за помош при организација на спортски настани и истите ќе ги поддржува и помага.

(ПР текст)

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина