Утрински Весник
Балкан

Рама: Воздушниот простор за време на самитот на НАТО ќе биде заштитен со супер интелигентни дронови произведени во Албанија

20260801085146 big 730x400 44.webp.webp

Премиерот Еди Рама објави дека Албанија ќе распореди интелигентни дронови од домашно производство за безбедност на воздушниот простор за време на самитот на НАТО, што ќе се одржи во Тирана следната година.

Тој додаде дека владата нарачала напреден систем за воздушна одбрана, што се очекува наскоро да пристигне  во Албанија.

– Како што ветивме, одбраната на небото за самитот на НАТО, каде што ќе биде присутен и претседателот на САД, Доналд Трамп,  ќе се брани од небото и од Земјата и од Марс и од Месечината, ќе се врши со супер интелигентни дронови произведени овде во Албанија, нагласи Рама.

На албанската армија вчера и беа предадени 40 тактички возила произведени од албанската компанија Тимак, во партнерство со државната компанија КАЈО. 

Можете да прочитате

Вучиќ ќе поднесе оставка на 27 септември за да се вклучи во изборната кампања, в.д. претседател ќе биде Ана Брнабиќ

Aвтобус со ученици кои се враќале од екскурзија удрил во карпа во Црна Гора

Вучиќ: „Обединета Србија“ е единствената што суштински е против тоталитаризмот, бидејќи Студентска листа се заведени браќа и сестри