Утрински Весник
Македонија

Радовишанец избегал од затвор, пронајден и спроведен за доиздржување на казната

Zatvor.jpg

На 05.02.2026 во 15:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(23) од Радовиш.

Тој бил осуден на затворска казна од пет години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“, а бил баран по распишана потерница поради бегство од Затвор Струмица, каде имал за доиздржување три години и осум месеци од казната.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.

Можете да прочитате

Возило удрило во 7-годишно девојче во Куманово, со повреди донесено на Клиника

Експлозија во куќа во охридско, повредено едно лице

Обука на специјална единица на Армијата на Белгија во Охрид и Радожда од 7-ми до 20-ти февруари