Црногорскиот тренер Дејан Радоњиќ повеќе не е шеф на стручниот штаб на Панатинаикос, официјално беше потврдено во вторникот. Поранешниот тренер на Будуќност, Црвена Звезда и Баерн Минхен спогодбено се раздели со клубот, во кој дојде минатото лето.
Панатинаикос ќе го исплати Радоњиќ до крајот на сезоната и ќе му даде пола од парите предведени според договор за наредната сезона.
Раководството на чело со сопственикот Димитрис Јанакопулос не беше задоволно од изданијата на поранешниот шампион на Европа во актуелната сезона. Панатинаикос во Евролигата има осум победи и 16 порази, во првенството на Грција со 13 победи и два порази е позади најголемиот ривал Олимпијакос.
Токму Олимпијакос, со убедливата победа во полуфиналето на Купот на Грција, му го потпиша отказот на Радоњиќ.
До крајот на сезоната Панатинаикос ќе го предводи Христос Серелис.
Радоњиќ како играч играше за Ловќен, Будуќност, Профиколор, ФМП и Војводина, а тренер е од 2005 година. Тој е тренер со најмногу трофеи во историјата на Црвена звезда.