Утрински Весник
Македонија

Радмила Шеќеринска на прием кај претседателката Сиљановска Давкова

Img 0600 1000x500 1.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шеќеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО, соопштија од претседателскиот кабинет.

За обете важната функција е не само лично, туку и државно признание, доказ дека единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата. Претседателката изрази уверување дека г-ѓа Шеќеринска, ќе даде значаен придонес во остварувањето на клучните цели на Алијансата: унапредувањето на колективната безбедност, зајакнувањето на солидарноста меѓу сојузниците и справувањето со современите закани. Со изборот на Радмила Шеќеринска на високата функција во НАТО, Алијансата јасно и отворено ја манифестира свеста за важноста на регионот, како и посветеноста кон него, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција

Мистериозна бела пена во Вардар – се испитува дали станува збор за опасна материја