Утрински Весник
Свет

Радев: Турција е наш многу важен сојузник

Радев: Турција е наш многу важен сојузник

Европа треба поактивно да работи на своето енергетско, транспортно и дигитално поврзување, а Бугарија треба уште подобро да ја искористи својата географска положба како земја која ги поврзува Азија и Африка со Европа, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев, во Прага, каде учествуваше на лидерската средба на Европската политичка заедница.

dobivaj vesti na viber

Од решавањето на енергетската криза зависи опстанокот на европските економии, рече Радев, според кого е важно што на денешната средба се вклучени земји како Азербејџан и Норвешка, кои ја снабдуваат ЕУ со енергетски ресурси, пренесе БНР.бг.

Во Прага, претседателите на Бугарија и Турција. Румен Радев и Реџеп Ердоган разговараа во рамките на состанокот на Европската политичка заедница.

„Турција е наш многу важен партнер – сосед, сојузник. Особено во време на ваква тешка енергетска криза, важно е Бугарија да ги развива нашите односи во енергетската сфера, бидејќи засега единствениот безбеден гас што го одредува јасно долгорочен договор е гасот од Азербејџан, кој минува преку Турција, преку нивниот систем за пренос на гас.

Исто така важна е улогата на Турција во обезбедувањето на местата за танкери на нивните терминали за течен гас, изјави Радев.

Можете да прочитате

Трагедија во Јужна Африка: 45 лица загинаа во автобуска несреќа

Илјадници налози на Телеграм блокирани поради повици на терористички напади

САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва: Бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина