Утрински Весник
Свет

Радев: Приоритетна цел за Бугарија и Романија е Шенген

Радев: Приоритетна цел за Бугарија и Романија е Шенген
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ние имаме заедничка одговорност за безбедноста во регионот. Приоритетна заедничка цел за нашите две земји е Шенген и ја изјавуваме нашата подготвеност за прифаќање што е можно поскоро. Ова го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев по средбата со неговиот романски колега Клаус Јоханис, кој на покана на шефот на бугарската држава престојува во посета на Бугарија.

dobivaj vesti na viber

„Ќе работиме консолидирано на отстранување на нашата бариера за Шенген, за наш побрз заеднички пристап“, рече Радев.

Според бугарскиот претседател, неправедната бариера што се поставува пред двете земји не треба да се користи за решавање на внатрешни политички и други прашања од страна на некои земји членки на Европската унија.

Најбрзото можно укинување на оваа бариера ќе даде дополнителен поттик за развојот на економиите на Бугарија и Романија и ќе ги исполни правичните очекувања на граѓаните на двете земји за еднакви права во ЕУ, рече претседателот.

Радев и Јоханис потпишаа политичка декларација за подигање на билатералната соработка на ниво на стратешко партнерство.

Оваа посета на претседателот на Романија е попосебна затоа што односите меѓу двете земји ги издигнува на ниво на стратешко партнерство, истакна Радев на заедничката прес-конференција со шефот на државата Романија.

Можете да прочитате

Естонија: Руски граничари влегоа на наша територија

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност