Утрински Весник
Македонија

Призна вина, се покаја, па побара поблага казна – на пијаниот возач, кој усмрти дете во Велес, ќе му се пресуди в петок

Призна вина, се покаја, па побара поблага казна – на пијаниот возач, кој усмрти дете во Велес, ќе му се пресуди в петок
Ss2

Возачот кој пијан ја усмрти 11-годишната Магдалена Иванова во Велес и потоа се даде во бегство, призна вина на првото рочиште. Ангелчо Николов пред судот кажа дека признанието го дава доброволно и без никаква присилба. Пресуда ќе има во петок. Возчаот се извини на семејството и јавноста, по што од судот побара да добие поблага казна. Тој се гони за две дела, бидејќи покрај тоа што возел пијан и со недозволена брзина, по сообраќајката избегал од местото и не укажал помош.

dobivaj vesti na viber

Остра реакција на социјалните мрежи имаше адвокатот Јанаки Митровски кој го застапува семејството. Тој ја искритикува обвинителката.

300x250 (7)

„Во воведни зборови, наместо да се концентрира на обвинетиот, јавниот обвинител Славица на скандалозен начин се обиде да ме шиканира, осврнувајки се на тоа зашто нема кривичен прогон за селаните кои го криеја како и за сопатниците кои се вратија на лице место, а не сакаа да го откријат идентитетот. Возилото е пронајдено поради испадната регистрација, а да не беше тоа случај? Па така јавниот обвинител Славица кажа дека обвинителството не било рекла казала, или фејсбук институција јасно алудирајки на моето алармирање преку социјалнми мрежи. Единствено мојата почит кон судијките Габриела и Валентина кои се одлични судии ме спречија да реагирам како што знам и умеам бидејки одамна сум се решил дека нема да дозволам никој да ме гази“, напиша Митровски.

Сообраќајката се случи на десетина дена пред Нова година. Возачот Николов беше во бегство, па по два дена уапсен од полицијата. Тој го управуваше возилото „мерцедес“ со прекумерна брзина, како што и призна. Освен жртвата, 11-годишното девојче, повреди имаше и мајката.

„Иако бил во алкохолизирана состојба, тој управувал со автомобилот, па приоѓајќи во близина на обележан пешачки премин, не ги почитувал сообраќајните знаци. Возел со брзина од околу 68 километри на час, што е повеќе од двојно над дозволената брзина на критичниот дел од патот, каде постоел и сообраќаен знак за максимално дозволена брзина од 30 километри на час. Обвинетиот не обрнал внимание на пешаците и со автомобилот удрил во мајка и ќерка кои во тој момент поминувале преку обележаниот пешачки премин. Од ударот мајката се здобила со телесна повреда на челото. Девојчето, пак, било исфрлено 10-тина метри напред, до следниот пешачки премин, каде паднало на земја, се здобило со бројни тешки повреди во пределот на главата и екстремитетите и починало“, соопштија од Обвинителството пред четири недели кога го поднесоа обвинението.

Ss1

Можете да прочитате

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Сончев, пролетно топол и сув викенд – Услови за краткотрајна нестабилност претежно во планинските предели

Кривична пријава против велешанка за употреба на исправа со невистинита содржина

Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај