Утрински Весник
Македонија

Радев: Политиката на Скопје е насочена против европските принципи

Radev.webp.webp
Dik 300x250 mk

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска излезе со став со кој тврди дека политиката на Скопје е насочена против европските принципи.

-Новата влада кај нашиот сосед јасно покажа дека најголемиот страв на политичката класа на оваа земја е да го препознае самото постоење на зборовите „Бугарин“ и „Бугарско“… Ова е политика насочена директно против европските принципи и одлуки донесени со консензус од сите земји-членки, против меѓународните обврски, но пред се против сопствените граѓани, кои јасно ги кажаа своите амбиции за европски развој на земјата, рече Радев во изјава за новинари во Софија.

Тој додаде дека очекува коректни дејствија и од бугарската влада и од европските институции „за одржување на европските принципи и норми во процесот на проширување“.

-Тоа значи – да гарантира неповратност и одржливост во афирмацијата на принципите на демократијата и главните критериуми во почитувањето на човековите права, вели Радев.

Според него, доколку ЕУ не се заложи за европска перспектива на Балканот, врз основа на јасни принципи, норми и вредности, „тогаш порано или подоцна Балканот ќе ја соочи Европа со балканизација“.

Можете да прочитате

Вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје повторно протестираа

Николоски: Од денеска за Мадрид се лета од Скопје, до сега воведовме вкупно 21 авиолинија, бележиме силен раст на патници на двата аеродроми

Почна „Енерго-Технома 2025“ – на едно место ги спојува знаењето и технологијата за одржлива иднина