Утрински Весник
Спорт

Работнички го задржува Дин Аломеровиќ уште две сезони

Работнички го задржува Дин Аломеровиќ уште две сезони

Левиот бек на Работнички, Дин Аломеровиќ, ја продолжи верноста кон клубот. Тој и во наредните две години ќе биде дел од тимот на „романтичарите“.

dobivaj vesti na viber

„Аломеровиќ денеска се обврза на нова двегодишна верност кон ФК Работнички и ќе продолжи да биде еден од адутите на тренерот Милан Илиевски и во претстојната нова сезона 2023/24“, известуваат од ФК Работнички.

Тој минатата сезона беше еден од најстандардните фудбалери во составот на Работнички, одигра 28 натпревари во Првата фудбалска лига и забележа три асистенции.

Претходно, нов договор со ФК Работнички потпиша и Кире Маркоски.

 

 

Можете да прочитате

Невреме со грмотевици го прекина женското тениско финале во Вашингтон

Пропадна планот на Инфантино и неговата плата со новиот проект

Инфантино добива противкандидат за претседател на ФИФА