Утрински Весник
Спорт

Работнички дел од акцијата на ЕКА: Дресот на Крсте Велкоски на аукција за помош на погодените од земјотресите во Турција и Сирија

Работнички дел од акцијата на ЕКА: Дресот на Крсте Велкоски на аукција за помош на погодените од земјотресите во Турција и Сирија

ФК Работнички се вклучи во акцијата на Европската асоцијација на клубови (ЕКА) за собирање на финансиски средства за помош на погодените подрачја во катастрофалните земјотреси во Турција и во Сирија, објави македонскиот прволигаш. Клубовите членки на ЕКА на ауција ќе дадат дресови од повеќе од 200 фудбалери, а собраните средства ќе бидат донирани.

dobivaj vesti na viber

ЕКА за овој проект има соработка со MatchWornShirt (MWS) и ауцијата ќе биде спроведена онлајн на следниот сајт  www.matchwornshirt.com/eca, од 3 јуни (14.00 CET) до 17 јуни (14.00 CET).

ФК Работнички за оваа акција на ЕКА го донираше дресот на капитенот Крсте Велкоски и за него ќе може да се наддава на следниот линк

Можете да прочитате

Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување

Ѓоковиќ повторно покажа шампионски карактер, во полуфинале го чека Синер

Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство