Утрински Весник
Спорт

Работнички ја доби пресметката на „Градски“ со Вардар за бекство од опасната зона

B0lok Vardar.jpg
Img 5587

Работнички со головите на Тодоровски и Мазари ја доби пресметката со соседот Вардар во рамките од 27. коло во прволигашката фудбалска конкуренција на Македонија и за миг ја напушти опасната зона. Вардар по подолга пауза од скоро три години одигра натпреавр на „Градски“ иако беше во улога на гостин, за што топло и бучно беше поддржан од своите врени навивачи од западната трибина, но тоа не му помогна да избегне пораз во битката за бекство од дното. Во преостанатите два меча од 27. коло, Шкендија му даде половина дузина голови на Силекс (6:1), а актуелниот шампион и лидер Струга ТЛ пред своите гледачи неочекувано ремизираше со штипска Брегалница (2:2) која со овој бод ја напушти последната позиција на табелата.

Работнички го скрши Вардар во 75. минута кога Тодоровски постигна гол, а Мазари во судиското продолжение само ја запечани победата. Шкендија ја прослави најубедливата победа оваа сезона откако со 6:1 го победи Силекс во Тетово. Красниќи донесе водство за Шкендија, Ефтимов изедначи по што со 1:1 се отиде на одморот. Но вториот дел беше сосема поинаков. Красниќи даде уште еден гол, по еднаш погодија и Цаке, Адеми, Аганспахиќ и Рамадани за убедлива победа. Струга киксна на домашен терен, но треба да биде задоволна со ремито бидејќи беа пред пораз. Стружани имаа водство со гол на Шабани во првото полувреме, но во вториот дел штипјани преку Стојчевски и Селмани направија комплетен резултатски пресврт, кој домаќините го анулираа во финишот од мечот со гол од пенал на Бесарт Ибраими. Резултати 27 коло:
Работнички – Вардар 2:0
Шкендија – Силекс 6:1
Струга – Брегалница 2:2
Вчера
Брера – Воска 1:0
Шкупи – Македонија ЃП 3:1
Гостивар – Тиквеш 2:1

Img 5587

Табела: Струга 55 бода,Шкупи 54, Шкендија 52, Силекс 37, Тиквеш 36, Гостивар 36, Брера 33, Работнички 31, Вардар 29, Воска 28, Брегалница 26, Македонија ЃП 25.

Ss1

Можете да прочитате

Доминација на руските тенисери: Медведев и Рубљов станаа првите четвртфиналисти на турнирот во Мадрид

Почнува полуфиналната пресметка во ЛШ со судир на титаните Баерн Минхен – Реал Мадрид

Лејкерс елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот