Утрински Весник
Македонија

Работна посета на Муцунски во Прага: Средба со министерот за европски прашања Дворжак и претставници на парламентот

Foto1 6112024.jpeg

Во рамки на работната посета на Прага, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера се сретна со министерот за европски прашања Мартин Дворжак и членови на парламентарните комисии, а во понеделникот се обрати и пред студентите на Универзитетот Њујорк.

На средбата со министерот Дворжак беа разменети мислења за предизвиците на европскиот пат, при што беше нагласена цврстата посветеност на нашата држава кон реформската агенда, со цел отворање нова фаза во европскиот процес и постигнување целосно членство во ЕУ.

Во рамки на средбата со членовите на Комисијата за надворешна политика и членовите на парламентарната група за соработка со нашето Собрание, Муцунски се осврна на значењето на парламентарната дипломатија и нејзината важна улога во зајакнување на целокупните односи. Беа споделени и заложбите за понатамошно унапредување на парламентарната соработка и интензивирање на дијалогот на сите нивоа.

Во своето обраќање пред студентите на Универзитетот Њујорк во Прага, на тема „Евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан,” министерот Муцунски говореше за важноста од што поскоро членство на земјите од регионот во ЕУ и постигнувањата на Западен Балкан во изминатиот период. Тој потенцираше дека е неопходна предвидливост на процесот на ЕУ проширување, истакнувајќи дека должината и непредвидливоста на овој процес имаат повеќеслојно негативно влијание, вклучително и врз перцепцијата на граѓаните.

Можете да прочитате

Рама: Албанија никогаш нема да го попречува европскиот пат на Северна Македонија

Борозан: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Поповиќ: Крепен живот, кошничката достигна 71.000 денари а следува и поскапа струја