Утрински Весник
Скопје

Работилница против врсничко насилство за родителите од Илинден и Петровец

20250423194048 big 730x400 91.webp.webp

Во основното училиште „Гоце Делчев“ во Илинден денеска ќе се одржи едукативна работилница наменета за родителите од оваа општина, како и за тие од Петровец во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ – „Стоп за булинг“. Средбата е отворена за сите заинтересирани родители од двете скопски општини, а нејзината цел е родителите отворено да разговараат и подетално да се информираат за врсничкото насилство. 

На работилницата за стручната страна на проблемот ќе биде задолжен психологот Деспина Стојановска, а водител ќе биде актерот Сашко Коцев.


„Макпетрол“ досега организира 12 работилници од овој тип за родители од општините што ја поддржаа кампањата „Крени глас против врсничко насилство“. Проблемот со булингот беше тема на која што разговараа родителите од Бутел и Чучер-Сандево, потоа од Битола, Ѓорче Петров, Кавадарци (со Демир Капија), Крива Паланка. Работилници се одржаа и во Штип, каде што учествуваа граѓани и од Свети Николе, во Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Центар, Куманово, како и во Кочани, која беше наменета и за граѓаните од Виница и од Берово.

Можете да прочитате

Утре голема акција за чистење на Скопје – на терен неколку илјади волонтери

Општина Аеродром поставува нова урбана опрема

Отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини