Утрински Весник
Свет

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“

Image 2026 07 10 124445874.png

Прелиминарните наоди од истрагата за инцидентот во кој српскиот патник Љубиша Каровиќ беше делумно извлечен низ скршениот прозорец на авион „Боинг 737-800“ на компанијата „Рајанер“ упатуваат на оштетување на моторот предизвикано од туѓ предмет – изјави денеска главниот извршен директор на компанијата, Мајкл О’Лири.

Таканареченото оштетување од туѓ предмет (Foreign Object Damage – FOD) во пракса може да биде предизвикано од птица, камен или чакал од пистата, метален предмет, алат оставен на пистата, дел од друг авион или друго туѓо тело.


– Првите наоди укажуваат на оштетување на моторот предизвикано од туѓ предмет при полетувањето во Солун, но сè уште не можеме тоа со сигурност да го потврдиме, изјави О’Лири пред аналитичарите при претставувањето на кварталните резултати на „Рајанер“ за периодот од април до јуни.

Според него, засега нема показатели дека причината за инцидентот е староста на авионот или пропусти во неговото одржување.

Авионот бил стар 18 години, а моторот во последните две години поминал целосен сервис и ремонт.

О’Лири додаде дека нацрт-извештајот за инцидентот ќе биде објавен за околу 28 дена, по што ќе следува и подетален извештај.

Доколку оваа верзија биде потврдена, тоа би можело да ја намали одговорноста и на „Боинг“ и на „Рајанер“, бидејќи инцидентот не би бил последица на технички дефект или несоодветно одржување на авионот, наведува британската агенција.

На 10 јули, на летот ФР1879 на „Рајанер“ од Солун до Меминген, 61-годишниот српски државјанин Љубиша Каровиќ беше повреден во драматичен инцидент кога, непосредно по полетувањето, се откачи прозорец од авионот, што предизвика нагла декомпресија. Каровиќ беше делумно извлечен низ скршениот прозорец, но неговата сопруга Светлана Грковиќ и неколку патници успеале да го задржат и да го вратат во кабината. По инцидентот тој беше префрлен на болничко лекување.

Можете да прочитате

ЕК ја казни компанијата „Али експрес“ со 550 милиони евра 

Русија тврди дека пет лица загинале во украински напад со дрон врз автобус во Белгород

Иран изврши нови напади врз Кувајт и Бахреин