Утрински Весник
Свет

Рајан Раут осуден на доживотен затвор поради обид за убиство на Доналд Трамп

20240923161557 big 730x400 43.webp.webp

Рајан Весли Раут (59), човекот кој се обиде да го убие американскиот претседател Доналд Трамп додека играше голф во Јужна Флорида, денеска е осуден на доживотен затвор.

На 23 септември 2024 година, Раут беше прогласен за виновен за обид за убиство на тогашниот претседателски кандидат Трамп во голф клубот „Трамп Интернешнл“ во Вест Палм Бич, објави „Ју-Ес тудеј“.

За време на инцидентот, агент на Тајната служба го забележал Раут со оружје и пукал во негов правец, по што осомничениот избегал. 

Можете да прочитате

„Вашингтон пост“ почна со отпуштања вработени во речиси сите редакции во обид да ги намали загубите

Жените во Иран сега имаат право да возат мотоцикли и скутери

Кремљ ги потврди контактите со официјален Париз за можна средба Путин – Макрон