Рајан Гослинг во моментов е насекаде благодарение на улогата на Кен во претстојниот филм „Барби“.
Но, актерот од „Ла ла ленд“ е семеен човек во срцето, каде главното место го има долгогодишна партнерка Ева Мендес и нивните две ќерки Есмералда (8) и Амада (6).
Двете ѕвезди меѓусебно се поддржуваат во кариерата – дури и ако јавно не говорат еден за друг.
„Таа е неговиот број 1 фан и сака кога тој снима големи филмови, како ‘Барби’,“ изјави извор за „Јуес викли“.
„Рајан исто така ја поддржува Ева во сè и, едноставно ја обожава.“
Рајан и Ева запонаа врска во 2011 година во текот на снимањето на „Местото зад боровите“ (The Place Beyond the Pines).
Минатиот месец тие прославија 10 години заедно, а актерката од „Хич“ го одбележа овој повод со стари фотографии од нив двајца од филмот што ги спои.
Во друга објава по повод нивната годишнина, таа напиша: „Магијата е вистинска. Не се запознавме на снимање. Магијата започна многу порано, но еве мала магија снимена со камера. Благодарност до неверојатниот режисер Дерек Чанфренс“.
И покрај долгата врска, двете ѕвезди ретко се појавуваат заедно на црвениот тепих – иако фановите бараа да го сторат тоа.
Ева и Рајан избраа да ја држат својата врска и своите ќерки подалеку од очите на јавноста.
„Не зборувам за Рајан и за сите прекрасни работи што тој ги прави како татко, бидејќи тој дел го чувам приватен,“ напиша ѕвездата на Training Day на социјалните мрежи во една прилика.