Утрински Весник
Свет

Рјабков до Макрон: Што ќе ни е таков гостин кој меѓународно не изолира, не сте добредојдени

Макрон:Европа не треба да биде вазал на САД

Лидерите на земјите кои се непријателски настроени кон Русија немаат место на самитот на „БРИКС“ во август, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, коментирајќи ја желбата на францускиот претседател Емануел Макрон да присуствува на состанокот на шефовите на држави на „БРИКС“ во Јужна Африка во август.

dobivaj vesti na viber

„Работата на организаторот е да ја одреди листата на поканети, тоа е воспоставена практика. Но, не помалку важно е да претходат консултации на сите учесници во „БРИКС“. Јасно е дека лидерите на земјите, кои спроведуваат непријателска и за нас неприфатлива политика, кои толку многу нагласуваат дека Русија треба да биде меѓународно изолирана и во исто време да ја претставуваат позицијата на НАТО за нанесување на таканаречен стратегиски пораз – таков лидер е несоодветен, како гостин на самитот на „БРИКС“, изјави Рјабков пред новинарите, а пренесува „РИА Новости“.

„Не го криеме нашиот став, а го соопштивме и на нашите јужноафрикански колеги. Се надеваме дека нашата гледна точка ќе биде целосно прифатена“, вели Рјабков.

Потсети дека во моментов се разговара за критериумите за проширување на „БРИКС“ и дека кандидатите за влез во организацијата мора нужно да се придржуваат до политиката што исклучува употреба на еднострани санкции против која било од активните членови на организацијата.

„Јасно е дека, иако дискусијата за критериумите продолжува, Франција на никаков начин не ги исполнува. Се оди обратно“, заклучи Рјабков.

Можете да прочитате

Гренел: УСАИД „непромислено“ трошеле пари на Западен Балкан

Ердоган: Историската посета на сирискиот претседател Ал Шара означува почеток на „трајно пријателство“

Во нападот во Шведска загинаа околу 10 лица