Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека земјата е под агресивен надворешен притисок.
Тој изјави дека противниците на земјата бараат таа да се подели на десетици мини-држави. Путин рече и дека противниците на Русија се луѓе со неоколонијален начин на размислување – идиоти, бидејќи тие не разбираат дека токму националната различност ја прави земјата посилна и залудно сметаат на тој ефект.
„Веќе реков дека луѓето кои се водат од своите неоколонијални идеи се идиоти и тие би го зазеле второто место во конкуренција на идиоти. Зошто само второ? Затоа што тие се идиоти“, рекол рускиот лидер, пренесе Спутник.
Тој посочи дека се врши агресивен надворешен притисок врз Русија, врз целото руско општество.
„Гледаме каков агресивен надворешен притисок сега се врши врз Русија, врз целото наше општество. Речиси целиот арсенал е насочен против нас: економски, воен, политички, информативен. Лансирана е најмоќната антируска пропаганда“ изјави Путин во Пјатигорск, каде што учествува на седницата на Советот за меѓународни односи.
Тој посочи дека не престануваат нападите врз руската култура и духовните вредности, како и обидите да се забие клин во братството на народите кои живеат во Русија.
„Нашите противници ја сметаат мултинационалноста на Русија за нејзина слаба точка и прават се за да нè поделат. Организираат провокации во националните заедници. Наводно во името на рускиот народ основаат разни општествени и политички здруженија кои ги претставуваат само нив и провокатори како нив. Тие дрско зборуваат за потребата од таканаречената деколонизација на Русија“, рече Путин.
Тој рече дека повиците да се подели Русија на десетици мали држави се поврзани со себични интереси.
„Тие велат дека Русија треба да се подели на десетици мали држави. Јасно е зошто. За подоцна да ги потчинат на нивната волја, да ги искористат, да ги користат за свои себични интереси. Тие немаат други цели“, вели рускиот лидер.