Утрински Весник
Свет

Путин во Северна Кореја: Русија се бори против американската хегемонија

Putin I Kim Ong Un.webp.webp

Русија се бори против децениска „хегемонистичка и империјалистичка политика“ на САД и нивните сојузници, рече претседателот Владимир Путин на почетокот на разговорите со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Пјонгјанг.

-Мислам на нашата борба против хегемонистичката, империјалистичка политика што ни ја наметнаа САД и нивните сателити во однос на Русија со децении, рече Путин.

Тој му се заблагодари на севернокорејскиот лидер за поддршката на Северна Кореја за Русија, вклучително и за прашањето за Украина.

-Високо ја цениме вашата доследна и цврста поддршка за руската политика, вклучително и украинската насока, рече Путин, додавајќи дека интеракцијата меѓу двете земји се заснова на принципот на еднаквост и взаемно почитување на нивните интереси.

Според него, Русија и Северна Кореја се поврзани многу децении со вистинско пријателство и добрососедство.

Путин беше пречекан со голема церемонија на централниот плоштад во Пјонгјанг.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа