Утрински Весник
Свет

Путин се повлече од клучниот договор, Макрон: „Направи огромна грешка“

Путин се повлече од клучниот договор, Макрон: „Направи огромна грешка“

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Владимир Путин направил огромна грешка со повлекувањето од важниот договор за жито. Зборувајќи пред новинарите во Брисел денеска, Макрон рече дека со учеството во договорот Русија презела огромна одговорност кон многу земји.

dobivaj vesti na viber

„Африканските земји, Блискиот Исток, дури и азиските земји се многу зависни од овој договор. За оние кои сè уште се сомневаа во искреноста и посветеноста на Путин за општото добро, одговорот е многу јасен – тој одлучи да ја претвори храната во оружје“, рече Макрон и додаде дека тоа е огромна грешка.

Макрон истакна дека Франција има одговорност да го олесни извозот на жито и ѓубрива како дел од земјоделската иницијатива што ја започна минатата година за поддршка на земјите кои се борат со проблеми со безбедноста на храната, пишува Си-ен-ен.

Можете да прочитате

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница