Утрински Весник
Свет

Путин: САД се обидуваат да ја принудат Европа да купува американски гас

Путин: САД се обидуваат да ја принудат Европа да купува американски гас

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека терористичките напади на Северен тек имаат за цел да ги отсечат евтините извори на енергија од континентот, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

„А кој стои зад саботажата на Северен тек? Очигледно, оние кои сакаат конечно да ги прекинат врските меѓу Русија и Европската унија: оние кои сакаат конечно да го поткопаат и стават крај на политичкиот суверенитет на Европа, да го ослабат нејзиниот индустриски потенцијал и да го преземат пазарот“, нагласил Путин.

Како што пренесува Sputnik International, Путин рекол дека енергетската криза е предизвикана од западната политика, а не од почетокот на руската специјална операција во Украина.

„Комплексот гориво и енергија, искрено кажано, минува низ акутна криза поврзана со нестабилната динамика на цените на енергијата, нерамнотежата на понудата и побарувачката, како и јасно субверзивните акции на поединечните учесници на пазарот кои се водени исклучиво од сопствените геополитички амбиции“, додава тој.

Според Путин, Европската Унија ја влошува кризата со воведување цени на нафтата до плафон.

Рускиот претседател изјавил дека се верува дека една од линиите на Северен тек, функционира па Русија е подготвена да испорача дополнителни количини гас во Европа во текот на есента и зимата. Путин, сепак, нагласи дека „топката е на теренот на ЕУ“ и дека блокот треба да реагира.

Тој истакнал дека системот Северен тек може да биде ремонтиран, но таквите работи ќе имаат смисла само доколку се гарантира неговата безбедност во иднина.

Путин според агенцијата додал дека Русија би можела да ја пренасочи испораката на гас од оштетените гасоводи „Северен тек“ да оди преку Црното Море и дека во Турција ќе го изгради најголемото складиште за гас за Европа.

Според него, Москва нема да испорачува ресурси доколку цената е ограничена.

„Русија нема да дејствува спротивно на здравиот разум, плаќајќи за благосостојбата на другите луѓе на свој трошок. Ние нема да ги снабдуваме со енергија оние земји што ќе ги ограничат цените“, нагласува тој.

Според него, САД, Украина и Полска имаат главна придобивка од саботирањето на Северен тек.

„Овде нема потреба да навлегуваме во детали. На крајот на краиштата, геополитичката важност на преостанатите гасни системи се зголемува – тие минуваат низ територијата на Полска, Јамал-Европа – низ територијата на Украина (два потоци), од кои сите некогаш беа изградени од Русија за свои пари, како и САД, се разбира, кои сега можат да снабдуваат енергија по високи цени“, додава Путин.

Под овие услови, вели тој, сега е можно на европските земји да им се наметнат големи количини течен природен гас од САД, што е очигледно инфериорно во однос на конкурентноста во однос на рускиот гасовод. „А американските цени се многу повисоки, и сите го знаеја тоа порано, а сега се уште повисоки“, нагласува Путин.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња