Утрински Весник
Свет

Путин разговараше со Ердоган: ќе продолжиме да се ангажираме во договорот за жито

Ердоган: Путин е помек и поподготвен да преговара од порано

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му рекол на својот руски колега Владимир Путин дека ќе продолжи да се ангажира дипломатски за да го обнови договорот за жито, соопшти денеска кабинетот на турскиот претседател.

dobivaj vesti na viber

За време на телефонскиот разговор двајцата лидери се договориле за посетата на рускиот претседател во Турција, се наведува во соопштението, пренесува „Ројтерс“.

„Претседателот Ердоган ја изрази важноста да се воздржи од потези кои би можеле да доведат до ескалација на тензиите за време на руско-украинската војна, нагласувајќи ја важноста на иницијативата на Црното Море, која тој ја опиша како мост на мирот“, се додава во соопштението.

На 17 јули Русија се повлече од договорот за извоз на жито преку украинските пристаништа на Црното Море поради, како што наведе, непочитување на делот од договорот поврзан со извоз на руски прехранбени производи и минерални ѓубрива.

Можете да прочитате

Русија тврди дека зазела уште две населби во регионот Доњецк

Иран изградил фабрики за оружје во неколку држави

Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да покаже сочувство и за децата во Појасот Газа