Утрински Весник
Свет

Путин постави пет услови за прекин на војната во Украина

Putin3.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано нагласува дека сака да стави крај на најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна, а во последните денови покажува зголемена фрустрација кон Путин, па вчера предупреди дека рускиот лидер „си игра со оган“ затоа што одбива да учествува во мировните преговори со Киев додека неговите сили остваруваат придобивки на фронтот.

Тој е подготвен да постигне мир, но не по секоја цена“


Откако минатата недела разговараше со Трамп повеќе од два часа, Путин рече дека се согласил да работи со Украина на меморандум кој ќе ги постави принципите на мировниот договор, вклучувајќи и временска рамка за прекин на огнот.

Русија вели дека моментално ја подготвува својата верзија на меморандумот и не може да процени колку време ќе биде потребно.

Киев и европските влади ја обвинуваат Москва за застој додека нејзините трупи напредуваат во источна Украина.

– Путин е подготвен да постигне мир, но не по секоја цена – изјави руски извор запознаен со размислувањата на највисоките претставници на Кремљ, кој сакаше да остане анонимен.

Пете услови на Путин

Тројца руски извори рекоа дека Путин сака писмено ветување од големите западни сили дека НАТО, предводен од САД, нема да се прошири кон исток, што би значело исклучување на Украина, Грузија, Молдавија и другите поранешни советски републики од членството.

Русија сака Украина да биде неутрална земја, да укине некои западни санкции, да го реши прашањето за замрзнатите руски средства на Запад и да ги заштити руските говорители во Украина, велат три извори.

Поточно, условите на Путин се:

– Писмено ветување дека НАТО нема да се прошири на исток

– Украина како неутрална земја

– Укинување на некои западни санкции

– Решавање на прашањето за замрзнатите руски средства

– Заштита на рускиот јазик во Украина

Еден од изворите рече дека ако Путин сфати дека не може да постигне мировен договор по свои услови, ќе се обиде преку воените победи да им покаже на Украинците и Европејците дека „утрешниот мир ќе биде уште поболен“

Можете да прочитате

Пукање во парк во државата Вашингтон, седум лица повредени

Во гумени бомбони најдена марихуана – „Харибо“ ги повлече пакувањата

Двајца украински шпиони во Русија осудени на 19 и 25 години затвор