Утрински Весник
Свет

Путин подготвен да помогне за мирна разрешница на војната на Блискиот Исток

Putin opshta profil.jpg

Русија е подготвена да придонесе за решавање на конфликтот со Иран, соопшти Кремљ, наведувајќи дека Владимир Путин за тоа разговара со лидерите на земјите од Блискиот Исток.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека претседателот „продолжува со контактите“ и дека Москва е подготвена да помогне за да може воената ситуација да се пренасочи кон мирно решение што е можно поскоро.


Коментирајќи го говорот на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата изјава дека размислува за повлекување на САД од НАТО, Песков повтори дека Русија ја смета Алијансата за „непријателска“.

Тој додаде дека смирувањето на тензиите и ублажувањето на последиците од војната би било можно само преку преговори, нагласувајќи дека евентуалниот руско-арапски самит би можел да послужи како платформа за дијалог.

Можете да прочитате

Орбан: Европа мора веднаш да ги укине санкциите врз руската енергија

Околу седум милиони Иранци се подготвени доброволно да се борат против САД

Австрија ги одбила сите американски барања за воени прелети