Утрински Весник
Свет

Путин: Победата на Русија во Украина е неизбежна

Путин: Победата на Русија во Украина е неизбежна
Ss2

Владимир Путин изјави дека „нема сомнеж“ оти победата на Русија во Украина е „неизбежна“ обраќајќи им се на работниците денеска за време на посетата на фабрика за оружје во Санкт Петербург.

dobivaj vesti na viber

„Ние, на пример, годишно произведуваме повеќе од трипати повеќе проектили за противвоздушна одбрана што ги правите вие ​​отколку во Соединетите Американски Држави. Сè на сè, нашата одбранбена индустрија годишно произведува приближно ист број проектили за воздушна одбрана од разни намени како и сите воено-индустриски претпријатија во светот. Нашето производство може да се спореди со светското“, изјави Путин во разговорот со работниците на фабриката „Обухов“.

300x250 (7)

Путин спомена и голем број термини, кои, според него, влеваат доверба во победата, пренесоа руските медиуми.

„Од аспект на конечниот резултат и победата, која е неизбежна, има неколку работи што не исчезнаа и кои се основата на нашата победа. Тоа се единството и солидарноста на рускиот и на мултинационалниот народ на Русија воопшто, тоа се храброста и херојството на нашите борци во специјалната воена операција и на линијата на фронтот и, секако, работата на воено-индустрискиот комплекс, компании како вашата и луѓе како вас и целата економија бидејќи секоја од овие врски: индустријата, состојбата на јавните финансии и социјалната сфера, поврзани со поддршка за семејствата на кои им треба посебно внимание од државата и здравствената заштита – сето ова создава основа за нашиот ефективен развој и победа. Таа е обезбедена. Не се сомневам во тоа“, рече тој.

Опишувајќи ја источна Украина како „историски територии“ на Русија, тој рече дека испраќањето војници во Украина на 24 февруари минатата година е неопходно за да се заштитат луѓето што зборуваат руски и да се „демилитаризира“ и „денацифицира“ Украина за да се спречи таа да претставува закана за Русија, пренесе „Блиц.рс“.

Ss1

Можете да прочитате

Одреден притвор за украинскиот министер за земјоделство Микола Солски

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот

Сандерс: Не е антисемитски да се каже дека владата на Нетанјаху уби 34.000 Палестинци