Утрински Весник
Свет

Путин патува во земја, членка на НАТО за прв пат од почетокот на војната

Putin erdogan scaled.jpeg

Турскиот претседател Таип Ердоган ќе разговара за новиот механизам за извоз на украинско жито преку Црното Море со рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата претстојна посета на Турција, откри министерот за надворешни работи Хакан Фидан. Средбата се очекува на 12 февруари, изјави претходно турски претставник.

Тоа е прво патување на рускиот лидер во земја членка на НАТО по инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година.

Има напори да се изнајдат „нови начини“ за транспорт на украинското жито на светските пазари, како и да се „конкретизира“ таа можност, изјави Фидан во интервју за телевизијата А Хабер, додавајќи дека Ердоган ќе го покрене ова прашање на средбата.

Фидан рече дека некои бродови веќе успеале да превезат украинско жито од Црното Море, дури и без договор, и дека Турција сака да ја „разјасни“ таквата ситуација со нов механизам. Анкара се обидува да ја убеди Русија повторно да се приклучи на Црноморската иницијатива за жито, од која се повлече во јули 2023 година, една година откако беше покрената со посредство на ОН.

Од Киев велат дека се водат разговори за заживување на договорот, додека Москва оценува дека нема изгледи за негово повторно воспоставување.

Можете да прочитате

Дронови влегоа во воздушниот простор на Латвија и Естонија, НАТО подигна авиони

Украински дронови нападнаа руско пристаниште во Балтикот

Нов руски напад врз Киев, најмалку седум загинати