Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Путин: Макрон не го разбира конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан

Путин: Макрон не го разбира конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан
300x250 opst2

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека неговиот француски колега Емануел Макрон не го разбира конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан за Нагорно Карабах, одговарајќи на неговите обвинувања дека Москва сака да го дестабилизира Кавказот.

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека тие изјави покажуваат недоразбирање на конфликтот и неинформираност на Франција за позициите на страните во конфликтот, рече Путин. Говорејќи на самитот на земјите од поранешниот СССР во Астана, Казахстан, тој додаде дека изјавите на Макрон се ‘неточни’ и ‘неприфатливи’.

Во интервју во средата, Макрон рече: ‘Русија интервенираше во тој конфликт, очигледно ја одигра играта на Азербејџан со турско учество и се врати таму за да ја ослабне Ерменија’. ‘Тоа е обид за дестабилизација бидејќи Русија сака да создаде хаос на Кавказ за да не ослабне и подели сите нас’“, рече тој.

Посочи дека Франција „никогаш нема да ги напушти“ Ерменците и додаде дека во 2020 година Азербејџан започна „ужасна војна“ за заземање на Нагорно Карабах, како и „офанзиви“ во септември на границата на двете земји. Азербејџанското Министерство за надворешни работи во петокот оцени дека изјавите на Макрон се „неприфатливи“ и „пристрасни“.

Путин рече дека повторно ќе разговара со Макрон „ако има можност“. Тој ги покани и ерменскиот премиер Никола Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев да се сретнат во Русија.

„Русија отсекогаш искрено се стремела да ги реши конфликтите, вклучително и проблемите поврзани со Карабах“, рече тој.

Рускиот сојузник Ерменија и Азербејџан поддржан од Турција се судрија во две војни во последните три децении за контрола на Нагорно-Карабах, енклава со мнозинство Ерменци.

Според новинарските анализи, последната војна, есента 2020 година, однесе 6.500 човечки животи, а заврши со прекин на огнот со посредство на Москва, која таму распореди контингент на мировни сили. Но, во последните месеци ЕУ и САД презедоа иницијатива во преговорите за мировен договор, додека Русија, окупирана од војната во Украина, го губи своето влијание на Кавказ.

На 6 октомври во Прага се одржаа преговори меѓу Никола Пашинјан, Илхам Алиев, Емануел Макрон и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот