Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Путин до африканските лидери: Западот е лицемерен, Русија ќе им дели жито и на сиормашните земји

Путин до африканските лидери: Западот е лицемерен, Русија ќе им дели жито и на сиормашните земји
Img 7972

Рускиот претседател Владимир Путин им порача на африканските лидери дека ќе им даде десетици илјади тони жито во рок од неколку месеци и покрај санкциите од Западот кои, според него, го отежнуваат извозот на жито и вештачки ѓубрива на Москва.

dobivaj vesti na viber

„Русија очекува рекорден принос на жито и е подготвена да го замени украинскиот извоз во Африка на комерцијална и хуманитарна основа“, рече Путин.

„Во следните три до четири месеци ќе бидеме подготвени да испорачаме од 25.000 до 50.000 тони бесплатно жито во Буркина Фасо, Зимбабве, Централноафриканската Република и Еритреја“, рече Путин, чии зборови беа проследени со аплауз.

Путин нагласи дека Москва се повлече од договорот бидејќи ниту едно од нејзините ветувања за отстранување на пречките за извоз на сопственото жито и вештачки ѓубрива не е исполнето.

На самитот Путин изјави дека повеќе од 70 отсто од украинското жито извезено благодарение на тој договор завршило во богатите и средно богатите земји, вклучително и во Европската унија.

„Посиромашните земји, како Судан, добија помалку од три отсто од украинското жито“, рече Путин, додавајќи дека западните санкции го спречуваат извозот на руско ѓубриво во сиромашните земји.

„Тука имаме еден парадокс. Од една страна, западните земји ја попречуваат испораката на нашето жито и вештачките ѓубрива, а од друга страна лицемерно не обвинуваат за моменталната состојба на светскиот пазар на храна“, рече Путин.

На самитот во Санкт Петербург учествуваат 49 од 54 африкански земји, заедно со 17 шефови на држави и четворица премиери.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари