Утрински Весник
Свет

Пустината Гоби стана џиновска електрана: По соларната енергија, Кина го совлада ветерот

2242134 1.jpeg
Ss2

Најголемата пустина во Централна Азија – Гоби – претходно беше позната само по своите екстремни температури, но сега урива и некои други рекорди. Имено, во него ќе биде изграден ветерен парк по цена од само 0,28 долари за ват, објави South China Morning Post.

Ако им се верува на податоците од последниот извештај објавен од South China Morning Post, Кина би можела да ја зајакне својата водечка позиција на пазарот на енергија од ветер во однос на цената. Трошоците за изградба на нови ветерни електрани во Кина, наводно, неодамна се намалиле за 45 отсто. Причините за тоа се технолошкиот напредок и масовното производство, а западните производители ги истакнуваат големите субвенции кои кинеската влада ги дава на индустријата.

Ss1

Никаде на друго место не се произведуваат толку ветерни турбини како во Кина и никаде не се ставени во функција толку многу. Покрај ниската цена, кинеските турбини на ветер често се поголеми и помоќни.

Вкупно, 77 GW ветерни електрани се приклучени на кинеската мрежа, што е две третини од инсталациите во светот. Според извештајот објавен од Ројтерс, Кина, исто така, гради околу 136 GW нови електрани на јаглен, а Извештајот за состојбата на светската нуклеарна индустрија покажува дека се работи и на 23 нуклеарни реактори со вкупен капацитет од 24,5 GW.

Најнаселената земја во светот има големи планови кога се во прашање обновливите извори на енергија. До 2030 година имаат намера да имаат во функција најмалку 1.200 GW соларни и ветерни електрани. Кинеската енергетска асоцијација верува дека оваа цел ќе биде постигната веќе оваа година. Самата пустина Гоби, со рекордно ниски производствени цени, се вели дека е дом на 450 GW електрани.

Од друга страна, ретко населената северозападна Кина, која е поголема од цела Индија, нуди огромна површина за енергетски проекти, а таму веќе се работи на големи капацитети за производство на водород.

Кинеската ветерна индустрија сè уште е најактивна на домашниот пазар, но може да гради и во странство многу поевтино од своите конкуренти – дури 20 проценти поевтино од Европејците (податоци на BNEF).

Кинеските производители се веќе присутни во некои земји од ЕУ. Мингјанг на тој начин испорача турбини за офшорската ветерна електрана Белеолико во јужна Италија и се очекува таа наскоро да се пробие на германскиот пазар. Имајќи предвид дека на Европа и недостасуваат некои компоненти, компаниите сигурно веќе делумно се потпираат на Кина.

Од друга страна, Европската комисија и претставниците на индустријата се огорчени. „Иднината на нашата индустрија за чиста енергија мора да се изгради во Европа“, рече шефицата на Комисијата Урсула фон дер Лајен минатиот септември, најавувајќи голема финансиска инфузија во европската енергија на ветерот.

Ss1

Можете да прочитате

(ВИДЕО)Во Турција приведени 36 лица осомничени за поврзаност со „Исламска држава“

Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја погоди Турција

Бајден го повика Сенатот да ја одобри помошта за Украина, Израел и Тајван