Утрински Весник
Македонија

Пуштена во употреба улицата Христофер Жефаровиќ во Сингелиќ

Пуштена во употреба улицата Христофер Жефаровиќ во Сингелиќ

Град Скопје заврши со изградба на улицата Христофер Жефаровиќ во Сингелиќ.

dobivaj vesti na viber

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска рече дека улицата била во катастрофална состојба – неасфалтирана и раскопана, па оттука изградбата била истакната како неопходна од страна на граѓаните.

„Посветивме внимание на барањата на жителите и ја поставивме како приоритет, за движењето на граѓаните во сообраќајот на тој потег да биде безбедно и сигурно. Со оваа одлука излегуваме во пресрет на барањата за изградба на улицата Христофер Жефаровиќ, со цел да се постигне рамномерен развој во урбаниот и руралниот дел на Скопје“, рече Арсовска.

Градежните работи на терен ги изведе Јавното претпријатие Улици и патишта, при што покрај коловозната површина од 2.400 квадратни метри се изведоа пешачки патеки oд 685 метри и површина од 1250 метри квадратни, со цел движењето на граѓаните во сообраќајот на тој потег да биде безбедно и сигурно.

Можете да прочитате

Во затворската ќелија на Нино Васев биле најдени три мобилни телефони

Мицковски за пожарите во Дрисла фрли сомнеж врз ДУИ

ДОМ со поддршка за петицијата на О2: Стоп за ново јавно-приватно партнерство за Дрисла