Утрински Весник
Македонија

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Alkaloid 19 12 2025 5.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На површина од околу 700 квадратни метри се спроведуваат бројни активности, меѓу кои мониторинг на просториите и површините, системите за производство и дистрибуција на прочистена фармацевтска вода, компримиран воздух, како и верификација на чистењето на процесната опрема, тестови за стерилност, идентификација на микроорганизми и други анализи, во согласност со регулаторните барања.

Најновата инвестиција на „Алкалоид“ беше официјално пуштена во употреба за време на посетата на владина делегација предводена од премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, во придружба на министерот за здравство д-р Азир Алиу и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, истакна дека со оваа Микробиолошка лабораторија Македонија се позиционира како регионален лидер во фармацевтската микробиологија и контролата на лекови. Проектот е целосно финансиран од компанијата, со инвестиција од околу 3,1 милиони евра реализирана во период од речиси две години.

Премиерот Мицкоски нагласи дека станува збор за инвестиција според највисоки светски стандарди, истакнувајќи дека „Алкалоид“ е успешна македонска приказна која значително придонесува за економијата, извозот и растот на БДП. Новата лабораторија има капацитет за околу 20.000 микробиолошки анализи годишно и вработува 21 високостручно лице. Одделот за контрола на квалитет е одговорен за усогласеност со меѓународните фармацевтски стандарди, а со него раководи д-р Ѓорѓи Петрушевски, доктор по хемиски науки со значаен научен и професионален придонес.

Можете да прочитате

СДСМ: „Во Македонија – Резолуција. Во Третиот рајх – Декрет. Има ли разлика?“

Намалена видливост кај Ресен и Удово

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата