Утрински Весник
Македонија

Пукнатини на стаклата на мостот „Око“, Ангелов предупредува граѓаните да не газат по нив

Пукнатини на стаклата на мостот „Око“, Ангелов предупредува граѓаните да не газат по нив

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција рече дека се појавиле пукнатини на стаклото по кое се поминува на мостот „Око“ во центарот на Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Мостот е стабилен, но стаклата се напукнати. По констатирањето, го известивме Град Скопје, а претставници од таму тврдат дека стаклата се безбедни. Ни рекоа дека работат на нивна замена. Не е лошо граѓаните да не газат по пукнатините иако од Градот укажуваат дека нема да се скршат“, рече Ангелов.

Додаде дека најверојатно станува збор за вандализам.

Мостот „Око“ е изграден со финансирање од Општина Центар во времето на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, но надлежноста за одржување на мостовите во Скопје е на Град Скопје.

 

 

Можете да прочитате

СДСМ: Периметар Сомалија – тоа е дипломатијата на Мицкоски

Левица: Запирање на имигрантските визи од САД – стратешки шамар за домашните вазали 

Иванов се обрати на Меѓународен симпозиум во британскиот Парламент