Утрински Весник
Свет

Пукано врз американски конвој во Судан

Блинкен: Бевме во контакт со Русија поради заканите со нуклеарно оружје

Американскиот дипломатски конвој бил нападнат во Судан, соопшти денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека првичните извештаи сугерираат дека одговорни се војниците поврзани со паравоените сили за брза поддршка (РСФ).

Во Судан беснеат вооружени судири меѓу воените единици лојални на генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, шеф на привремениот владејачки суверен совет на Судан, и паравоените сили за брза поддршка (РСФ), предводени од генералот Мохамед Хамдан Дагало, познат како Хемедти, кој исто така е заменик-претседател на советот.

Американскиот државен секретар објави дека телефонски разговарал за инцидентот што се случил вчера со Бурхан и Дагал одделно и рече дека секоја закана за безбедноста на американските дипломати е неприфатлива.

Блинкен, кој присуствува на состанокот на Групата седум во Јапонија, ја истакна итноста за постигнување прекин на огнот, соопшти Стејт департментот.

Повеќето дипломати од целиот свет се обидуваат да посредуваат за прекин на огнот во Судан, а Советот за безбедност треба да расправа за кризата, откако најмалку 185 луѓе се убиени и 1.800 ранети од почетокот на конфликтот во саботата, соопшти ОН.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња