Утрински Весник
Свет

Пукање во училиште во САД, тинејџерка уби наставник и ученик, а потоа се самоубила

Napad Uciliste.jpg

Во христијанското училиште Абндант Лајф во Медисон во американската држава Висконсин дошло до пукање во кое загинаа три лица, наставник, ученик и напаѓачот, пренесува АП.


Според информациите кои на прес-конференцијата ги изнесе началникот на полицијата на Медисон, Шон Барнс, напаѓачот бил 17-годишна ученичка која отворила оган во просториите на училиштето.

Жртвите, наставник и ученик тинејџер, починале на местото на настанот. Шест други ученици, кои исто така беа ранети во пукањето, моментално се сместени во локалните болници. Двајца од нив се во критична состојба, додека другите се здобиле со полесни повреди.

Од полицијата потврдија дека напаѓачот починал на лице место, а прелиминарните податоци укажуваат дека таа починала како последица на самоубиство. Иако првата реакција на полицијата била во насока на неутрализирање на заканата, по пристигнувањето на местото на настанот, надлежните откриле дека тинејџерката се самоубила

Пукањето се случило во училиштето „Абндант Лајф“, приватно христијанско училиште со околу 390 ученици, од градинка до средно училиште. Училиштето е познато по својот образовен пристап, а вакви инциденти ретко се случуваат во оваа заедница. По трагедијата училишните власти и локалната полиција заедно со државните органи покренаа истрага за мотивите кои довеле до ваков страшен чин.

Можете да прочитате

На Волстрит соборен негативен рекорд од 1978 година

Палестинци го тужат Стејт депратментот поради поддршката на Вашингтон за израелската армија

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди островската држава Вануату се искачи на 14