Утрински Весник
Свет

Пукање во Марсеј: Напаѓачи отвориле оган врз возило, има мртви

Пукање во Марсеј: Напаѓачи отвориле оган врз возило, има мртви

Две лица загинаа во престрелка во Марсеј, јави денеска АФП, повикувајќи се на полициски извори.

dobivaj vesti na viber

Според првичните податоци, инцидентот се случил во северниот дел на градот, кога сторителите отвориле оган врз возило на автопатот. Во нападот, кој се случил синоќа, загинале сите што биле во возилото.

Убиените се на возраст од 20 до 30 години, а нивниот идентитет засега е непознат.

АФП потсетува дека од почетокот на годината во овој регион се убиени 22 лица, од кои повеќето во самиот град, што укажува дека во многу случаи нападите се поврзани со трговија со дрога.

Можете да прочитате

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела

САД го нападнаа Иран, Иранците возвратија

Германија денеска забележа апсолутен температурен рекорд